Политика на приватност

Добитниците на награди ќе бидат објавени на веб-страницата coca-cola.mk во рок од три дена по завршувањето на наградната игра со објавување на нивната е-адресата со која се регистрирани на апликацијата (со скриени 5 карактери). Добитниците на награди со самото учество во наградната игра се согласуваат доколку добијат некоја награда, нивната е-адресата со која се регистрирани на апликацијата (со скриени 5 карактери) да биде јавно објавен на наведената интернет-страница.

 

Добитникот на награда се согласува по добиеното известување дека е добитник на наградата да ги достави следниве податоци: име, презиме, адреса од лична карта / e-адреса, а при подигање на наградата ќе се изврши увид во личната карта на добитникот, со цел негова идентификација и утврдување на правото на учество во наградната игра, односно дали лицето е полнолетно. Целта на користење и трансфер на податоци од страна на организаторот е само за да помогне во спроведувањето и во администрирањето на учеството во наградната игра.

 

По добивање повратна порака дека е добитник на награда, добитникот своите податоци ќе може да ги внесе директно на naracajpodarok.mk. Податоците што добитникот треба да ги достави се име, презиме, адреса на живеење / e-адреса, за да може да му се додели. Целта на користење и трансфер на податоци од страна на организаторот е само за да помогне во спроведувањето и во администрирањето на учеството во наградната игра, односно заради идентификација на лицето, проверка на правото за учество во наградната игра и за доделување на наградата. Со ова добитникот се согласува податоците за испорака (име, презиме, адреса на живеење / e-адреса), односно овие лични податоци да бидат проследени и до фирмата што ја организира испораката на наградите заради нивна испорака на домашна адреса на добитникот на наградата

 

Добитниците на награди во вредност повисока од 5.000 денари треба да го дадат и својот матичен број за да може организаторот во нивно име да изврши уплата на персоналниот данок за добиената награда.

 

Организаторот ќе ги користи и обработува личните податоци на добитниците само за целите на наградната игра. Личните податоци од добитникот се бараат само заради проверка на правото за учество во наградната игра и за испорака на наградата и вршењето увид во личната карта е потребно за да се утврди правото на учество во наградната игра. Со ова добитникот се согласува овие лични податоци (име, презиме, адреса на живеење) да бидат проследени и до поштенската служба заради испорака на наградата. За оваа цел добитникот ќе потпише изјава за согласност за користење лични податоци.

 

Од страна на ММС комуникации Македонија д.о.о. Скопје, Пивара Скопје а.д. Скопје, НТХ МЕДИА МАКЕДОНИЈА д.о.о.е.л. СКОПЈЕ и ВОРХОЛ д.о.о.е.л. Скопје ќе бидат определени лица овластени за обработка на личните податоци поврзани со реализацијата на оваа наградна игра. Овластените лица своерачно ќе потпишат и изјава за тајност и за заштита на личните податоци во согласност со прописите за заштита на личните податоци.

Организаторот на наградната игра се обврзува дека нема да ги проследува личните податоци на трети лица, освен доколку е тоа потребно за изведување на наградната игра, во согласност со законот. Организаторот на наградната игра се обврзува дека личните податоци ќе ги обработува и чува во период од 3 месеци по завршувањето на наградната игра. Потоа ќе ги уништи во согласност со неговите процедури за уништување документи, а според прописите за заштита на лични податоци.

 

„Колачиња“ (Cookies) се мали текстуални документи со податоци, кои може да бидат снимени на вашиот тврд диск од страна на некои од веб-страниците што ги посетувате. Нашиот веб-сајт користи „колачиња“ со цел следење на трансферот и начинот на испорака на услугите до нашите корисници и анализа на податоците на корисниците за статистички цели.

 

„Колачињата“ што ние ги користиме не овозможуваат пристап до личните податоци од трета страна.

Cookies
МЕСТЕЊЕ НА „КОЛАЧИЊА“